Законот за попис вратен во Владата поради формални недостатоци
Пописот пред самиот почеток, во законодавниот дом измените вратени на доработка во Владата. Заев не сака да претпоставува, Џафери прашува зошто не бил на средбата со него и Мицкоски, Алијанса задоволна од премиерот во делот на државјанствата...

Законот за попис испратен во Собранието па вратен во Владата поради формални недостатоци. Иако попишувањето на населението треба да биде одложено, сепак малку ќе се причека. Премиерот Заев, сепак задоволен по средбата со Мицкоски, но и со Алијансата и Алтернатива. Вели добро е кога конструктивно се разговара. Не сака да го навреди Собранието и да прејудицира кога Законот за попис со измените би бил на дневен ред.
Јас ги запазувам постапките. Неможе преку ред да одат работите, некој подоцна ќе ги урне. Категоричен е спикерот Џафери кој покрај измените во Законот за попис, на доуредување го вратил и Изборниот законик со отпечаток од прст. Вели, не е во ред што Заев и Мицкоски разговарале без него.
Алијансата на Села и Алтернатива на Гаши задоволни од постигнатиот разговор во делот за државјанствата. Се договориле законите да ги усогласуваат и следната недела повторно да имаат средба.
По постигнувањето на договорот за деблокада на Собранието, спикерот Џафери го договара и распоредот за работа со координаторите на пратеничките групи. Од 36 седници, 20 се недовршени, а 21 закон е блокиран со амандмани.
Миле Ристески
