Стејт Департмент: Владата повеќе почитува независност на судството, предизвици сѐ уште има
Се нотира дека доминатната улога на државата во економијата, отвора простор за корупција. Позитивна оценка Стејт Департментот дава за напредокот во истрагата и прогонот на криминалот на високо ниво.

Владата повеќе почитува независност на судството, но предизвици сѐ уште има, извештај на Стејт Департментот.
Се нотира дека доминатната улога на државата во економијата, отвора простор за корупција. Позитивна оценка Стејт Департментот дава за напредокот во истрагата и прогонот на криминалот на високо ниво.
Во делот за судството, пак, посочува дека владата демонстрирала поголема почит кон независноста на третата власт, но ги потенцира и претставките кон судиите.
Добро е што од Стејт Департментот се препознаени напорите на Владата за реформи во правосудството и дека тие даваат резултати, коментираат од правда.
Има и слабости, но на нив веќе работиме преку зголемување на буџетот и ресурсите на судството и обвинителството, вели министерот Маричиќ.
