СЗО: Половина милион заразени за 24 часа

01.04.2021 10:52

Дел од Европа ги затега, дел ги ублажува мерките...

За само 24 часа во светот се заразиле половина милион луѓе- велат од СЗО. Бројот на ковид позитивни го надмина 129-от милион. Европа и натаму предничи на листата.

Франција реши да остане затворена уште еден месец. Се ограничува движењето во целата земја. Образовниот процес ќе се одвива онлајн, а се затвораат и малите продавници.

Наспроти ова, и покрај големиот број заразени, Грција ги отвора дуќаните и ги ублажува рестрикциите кои се однесуваат на активностите на отворено.