Ковид-19

Уништени 15 милиони дози на вакцината на „Џонсон и Џонсон“

01.04.2021 11:18

Фармацевтскиот гигант идентификувал серија дози во фабрика во Балтимор водена од „Имрџент Биосолушн“ што не ги исполнувале стандардите за квалитет.

Околу 15 милиони дози на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ се уништени поради фабричка грешка. Фармацевтскиот гигант идентификувал серија дози во фабрика во Балтимор водена од „Имрџент Биосолушн“ што не ги исполнувале стандардите за квалитет.

Истовремено, Европската агенција за лекови ја продолжува истрагата на 62 случаи на згрутчување на крвта, по примена вакцина на „Астра Зенека“ поради што неколку земји веќе ја ограничија нејзината употреба.