Изберете да бидете среќни, денеска е Меѓународен ден на среќата
20.03.2014 11:39
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на среќата. Затоа мислете позитивно, радувајте се на мали нешта, секојдневни ситници на кои често е им обрнуваме внимание, а ја носат среќата.
Генералното собрание на Обединетите нации во 2012 година го прогласи 20 март за Меѓународен ден на среќата, признавајќи ја важноста на среќата и благосостојбата како универзални цели и аспирации во животот на луѓето во светот, како и важноста за нивно поставување како цели на јавната политика.

Обединетите нации ги повикуваат земјите-членки, меѓународните и регионални организации, како и граѓанското општество, вклучувајќи невладини организации и поединци, да го одбележуваат Меѓународниот ден на среќата на соодветен начин, вклучувајќи и активности за едукација и подигнување на јавната свест.
За да бидете среќни, експертите препорачуваат да го правите она во што уживате, и да уживате во она што го правите. Не правете работи само поради пари, слава и моќ. Живејте за сегашноста, не за иднината и не жалете за минатите времиња и некогашните неуспеси, порачуваат експертите.
Иницијатор за воведување на Денот на среќата беше државата Бутан, која воведе индекс на Бруто национална среќа, со кој се мери животното задоволство, емоциите, духовноста, како и здравјето, образованието, екологијата...
Некои земји, како Канада, Франција, Велика Британија, Јапонија и Италија веќе воведоа индекс на граѓанска среќа во своите официјални национални статистики.