ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: 300 Ковид погреби во неделата додека Заев и Филипче летаат со хеликоптер

05.04.2021 12:08

Од партијата побараа оставка од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче...

На денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека има 300 починати Ковид пациенти за една недела, а Заев и Филипче летаат со хеликоптер, наместо да спасуваат животи, исто така додаде и дека премиерот и министерот повторно излажале за почетокот на вакцинацијата.

- „300 семејства погребуваа во една недела, 300 починати Ковид пациенти за една недела! 300 за една недела! 33 во недела, 41 во понеделник, 33 во вторник, 32 во среда, 29 во четврток, 50 во петок, 45 во сабота, 35 во недела, 298 КОВИД погреби во една недела! Колкумина од нив ќе се спасеа да почнеше имунизација на време, без фантом фирми, без провизии, без лаги за склучени договори? И повторно излажаа за почеток на вакцинацијата! Еве го резултатот за таа последна недела, 300 починати пациенти, 300 погреби, а Венко вежба симулации!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата побараа оставка од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

- „Да имаа грам чувство, грам човечност, до сега ќе поднесеа оставки, и Заев и Филипче, и сите останати кои седат со нив на маса спроведувајќи го режимот!“, додаде Стоилковски.