Нови мерки

Седница на Влада, се очекуваат нови рестриктивни мерки

05.04.2021 12:22

Неофицијално, се очекуваат нови рестриктини мерки- целосно затворање на угостителските објекти и полициски час од 20 до 5 часот. Ваквата одлука, следува по зголемениот број на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19...

Владата денес во 13 часот преку видеоврска ќе ја одржи 63-тата редовна седница. Во фокус актуелната состојба со коронавирусот во земјава.

Неофицијално, се очекуваат нови рестриктивни мерки- целосно затворање на угостителските објекти и полициски час од 20 до 5 часот. Ваквата одлука, следува по зголемениот број на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19, како и преполнетоста на болничките капацитети и се очекува да биде изгласана на денешната седница на Владата. Предлогот е овие мерки да важат од утре.

За 14 часот е најавена прес- конференција на премиерот Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски.