Костадинов: Николоски да одговори за меѓународниот скандал „Кавијар дипломатија“
Станува збор за комплетна невистина, Европската Унија највисоко и без забелешки ја оцени работата на мисијата, што може да се види и од извештајот на ЕУ, одговори Николоски...

Николоски да одговори за неговата поврзаност во меѓународниот скандал „Кавијар дипломатија“-побара портпаролот на социјалдемократите Костадинов. Повикувајќи се на интервјуто со претседателот на тинк тенк организацијата Европска иницијатива за стабилност Гералд Кнаус, во кое е наведено дека дел од пратениците на парламентарното Собрание на Советот на Европа наводно политички делувале на референдумот во Азербејџан во 2016-та, а во монититоринг мисијата учествувал и високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
За да се оквалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски, дел од пратениците добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Истанбул и што ли уште не. Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, изјави Костадин Костадинов.
Станува збор за комплетна невистина, Европската Унија највисоко и без забелешки ја оцени работата на мисијата, што може да се види и од извештајот на ЕУ, одговори Николоски. Обвинувањето е класична монтировка бидејќи неговото име никаде не се споменува, вели тој и посочи дека со вакви клевети СДСМ ги навредува и меѓународните институции.
Се друго се инсинуации и измислени работи и треба да почнат да внимаваат затоа што навредуваат врвни европски политичари и институции од типот на Советот на Европа каде што Македонија е членка. СДСМ треба да се малку повнимателни заради меѓународниот углед на Македонија, изјави Александар Николоски.
Николовски дополни и дека засега не планира да поднесе кривична пријава за клевета.
Марина Тонева
