Акција Двојник

Во акцијата „Двојник“ приведени се девет полициски службеници

06.04.2021 17:17

Според сè уште неофицијални информации во акцијата „Двојник“ се приведени 9-мина полициски службеници, главно од управната пасошка служба, но и двајца од полициските станици Драчево и Бутел коишто работеле на фотографирање на двојниците со легален македонски пасош...

215 пасоши биле издадени во МВР на странци со сомнително и криминално минато и со украден идентитет.

Според сè уште неофицијални информации во акцијата „Двојник“ се приведени 9-мина полициски службеници, главно од управната пасошка служба, но и двајца од полициските станици Драчево и Бутел коишто работеле на фотографирање на двојниците со легален македонски пасош.

Истрагата траела 14 месеци во соработка со Интерпол и со американските безбедносни служби кои технолошки и помагале со алатки за препознавање на лица.

Најголем дел од веќе потврдени 215 лажни пасоши биле всушност со идентитет на македонски државјани од мала Преспа и од Пустец. Фотографиите биле од лажните носители на пасошите-криминалците, а податоците биле украдени. За 110 носители на пасоши е откриено каде се во странство, а по останатите сè уште трае потрагата.

Акцијата веќе е спроведена, а предвидената реализација со помош на Интерпол во други европски земји ќе се одвива натаму.

Едно лице од Македонија не е достапно и се води дека е во бегство.

 

Ана Јосифоска Тодоровска