Имунизација

Битола: Лицата над 77 години потрошиле близу една третина од вакцините на „АстраЗенека“

07.04.2021 13:02

За пет дена во Битола, лицата над 77 години потрошиле близу една третина од вакцините на „АстраЗенека“. Засега не е регистриран случај со поголеми нус појави...

Во вакциналниот пункт на амбулантата на ОУ Даме Груев во Битола веќе шести ден тече имунизацијата на лицата од третата доба со возраст над 77 години. Засега нема ниту една несакана последица. Медицинскиот персонал претходни ги врши сите потребни протоколи. Од домот за Народно здравје велат дека според интересот континуитетот продолжува и понатаму а за скоро време очекуваат вакцинација да добиваат и они од третата доба со пониска старосна граница.

За првите пет работни дена лицата со старост од над 77 години во Битола потрошиле 390 од првата пратка од 1.400 дози на вакцини на АтраЗенека. Утринава меѓу првите на вакциналниот пункт 85 годишниот професор во пензија и истакнат фармацевт по професиј,а Методија Дамјановски. Вели многу одамна беше кога не се вакцинирал против заразната болест Вариола вера. Сегашнава состојба е многу поопасна и не треба да има двоумење посебно за луѓето од ретката доба.

Се работи во две смени, а медицинските екипи строго се придржуваат на препораките. По мерење на телесна температура, се извршува разговор со пациентот па дури потоа се оди на вакцинација.

Засега нема случај со поголеми нуспојави. Од домот за јавно здравје велат дека се задоволуваат закажаните пациенти од матичните доктори преку Мој Термин. Во следниот период очекуваат шанса да добија и помладите од третата доба.

Спиркоска вели дека како установа преку итната медицинска помош, пунктот за брзи тестови и другите активности остануваат посветени да помагаат во битката со пандемијата, најповеќе кога Битола важи за едно од најголемите жаришта во внатрешноста.

 

Стевче Митревски