Заев: Ромите се нашиот потенцијал
Инклузијата на Ромите е неопходна, како за нас самите, така и за државата. Најважна е одлуката за прогласување на 8 април за Интернационален ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес...

Македонија може да се пофали со искрените намери за интеграција на Ромите во општеството. Тоа го докажува со спомнувањето во Уставот, со стратегиите и акциските планови и со одвојувањето на финансиски средства, вели пратеничката Шиковска.
Годинава за имплементација на стратегијата на Ромите се планирани околу еден милион евра. Македонија, нагласи таа, е лидер меѓу земјите вклучени во декадата на Ромите, во областа на образованието и на многу земји им служиме како пример за јак граѓански сектор и добра координација со државните институции.
Инклузијата на Ромите е неопходна, како за нас самите, така и за државата. Најважна е одлуката за прогласување на 8 април за Интернационален ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес.
На ромската заедница и се подобрени можностите за еднакво учество со преостанатите заедници, а новата стратегија треба да обезбеди и конкретни мерки, вели премиерот Заев. Во фокусот промена на закони, активности и финансиска рамка.
Ромите се нашиот потенцијал, рече премиерот, како во работната сила која треба да се стимулира и расте, така и во делот на отворањето на бизниси, коишто за државата значат и зголемен прилив на даноци во нашиот буџет.
Александра Спировска
