Родителите на деца со посебни потреби бараат приоритет во вакцинирањето
Прво да се вакцинираат лицата со посебни потреби, а потоа и оние кои се грижат за нив – бараат родителите на деца со посебни потреби. Во имунизацијата го гледаме решението, бидејќи нашите деца се со нарушено здравје. Останавме заборавени од надлежните во приоритетната имунизација, исто како што не заборавија и во економските мерки – реагираат од здружението „Сплотени срца“ …

Лицата со хронични болести и коморбидитети се опфатени во приоритетната имунизација од Ковид-19, но родителите на деца со посебни потреби, не се. Освен што го загрозуваме здравјето на нашите деца кои се со кревок имунитет и за сега минимален број се вакцинирани, голем проблем во овие семејства настанува во случај кога заболен родител мора да се лекува во болница
„Брзата имунизација пред сè на нашите деца, но и на нас како родители од кои тие се целосно зависни е единственото решение кое го гледаме“ – вели Мијалков. Голем проблем кај лицата со посебни потреби е болеста да се открие во рана фаза и неколку деца ја изгубија битката со Ковид–19.
Мијалков вели дека освен што се изоставени за приоритетна имунизација, родителите на деца со посебни потреби ги нема во ниту еден пакет економски мерки, и покрај тоа што овие семејства се во голем економски ризик и со високи сметки за лекови.
Славица Величковска
