Двојно зголемен бројот на хоспитализирани од Ковид-19
До денес се хоспитализирани 48 пациенти во Ковид центарот и инфективното при Клиничката болница Тетово, сите со тешка клиничка слика. Трендот на раст на заразени лица кои се лекуваат во одделенијата ќе продолжи. Слободни болнички кревети има се помалку. За периодов што следи ќе биде потребна реорганизација на кадарот и одделенијата потребни за нови Ковид центри...

За изминативе десетина дена двојно е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Клиничката болница во Тетово. Ако се земе предвид стотиците амбулантски прегледи на суспектни граѓани со симптоми на вурусот, периодов се очекува раст на бројот на инфицирани, но и на пациенти кои ќе бараат болничко лекување.
До денес се хоспитализирани 48 пациенти во Ковид центарот и инфективното при Клиничката болница Тетово, сите со тешка клиничка слика. Трендот на раст на заразени лица кои се лекуваат во одделенијата ќе продолжи. Слободни болнички кревети има се помалку. За периодов што следи ќе биде потребна реорганизација на кадарот и одделенијата потребни за нови Ковид центри.
Пациенти заразени со вирусот моментално се лекуваат во инфективното одделение и два ката од оваа болничка зграда, кои се пренаменети во Ковид центри.
Ширењето на вирусот со брза трансмисија не толку ги загрижува граѓаните, велат здравствените работници. Голем дел од нив не ги почитуваат основните препораки и мерки.
Тетовско е меѓу регионите со најголем број на заразени пациенти до педесетина на ден, а нивната хоспитализација во последно време поради тешките симптоми е сè поголема.
Зоран Димовски
