Поради компликации од Ковид-19, почина поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски

07.04.2021 14:46

Речиси целата своја кариера ја посвети на јавнообвинителската работа.

Поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски почина по компликации од коронавирус. Имаше 61 година. Речиси целата своја кариера ја посвети на јавнообвинителската работа.

Зврлевски во јануари 2013-та година беше именуван за државен јавен обвинител, а функцијата ја извршуваше до август 2017-та година.