Акцизата ги поскапе дериватите
Вонредно поскапување на дериватите. Промената на акцизите ги крена цените на горивата, на екстралесното за дури 13,5 денари за литар, на дизелот за три, а на бензините за половина денар...

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемени за половина денар за литар, додека Еуродизелот поскапе за 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Истовремено цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 13,5 денари за литар, а на Мазутот опстанува непроменета.
Согласно со оваа одлука од денеска максималната цена на Еуросуперот БС-95 изнесува 67,5 денари за литар, на Еуросуперот БС-98 69,5, на дизелот и на екстра лесното масло по 58 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.
Регулаторната комисија информира дека промена на одлуката од 5-ти април 2021-ва година за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт е усогласена со измените на Законот за акцизите што ги донесе Собранието.
