Мерки

Владата најави помош на угостителските објекти

08.04.2021 10:45

Од Владата вчера стигна најава за нови мерки за помош на овие економски оператори...

На првиот ден од двонеделното затворање сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19, од Владата вчера стигна најава за нови мерки за помош на овие економски оператори.

„Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет“, најави вицепремиерот Фатмир Битиќи на Фејсбук.

Министерот за економија Крешник Бектеши исто така информираше дека ќе има директна финансиска поддршка во вид на грантови за угостителските објекто кои се затворени по препорака на Комисијата за заразни болести.