Ковид-19

Вакцината на „АстраЗенека“ во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години

08.04.2021 14:32

Вакцината на „АстраЗенека“ во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За вакцинираните во Србија ќе се чекаат нови препораки или ќе се ревакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство...

Вакцината на „АстраЗенека“ во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За вакцинираните во Србија ќе се чекаат нови препораки или ќе се ревакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство.

„После евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот на ЕМА излезе со две препораки- првата е дека тие несакани ефекти треба да влезат во упатството и второ дека секоја држава треба да заземе став како ќе се користи вакцината. Согласно тоа, по утринските консултации, донесовме став вакцината на „Астра Зенека“ да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја“, изјави Филипче.

Филипче, очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300.000 вакцини, од нив најголем дел од кина.