Вклучување во општеството за децата со даунов синдром
Да се урнат предрасудите за лицата со даунов синдром, да се покаже љубов и разбирање за нивната состојба и да се прифатат во општеството - беше целта на апелот на средношколците спроти утрешниот ден на овие лица

Љубов, разбирање и инклузија во општеството. Тоа е она што го бараат лицата со Даунов синдром кои по ништо не се поразлични од другите. Средношколците од штипското медицинско училиште и децата на членовите од Здружението Вера од Струмица во пресрет на утрешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром упатија силен апел до сите дека и тие се дел од општеството и не треба да се маргинализирани.
- Да покажат за сите, да се срушат сите предрасуди кои се меѓу лушето, дека овие деца се многу чудни. Ете тука сме, вели Елена Карапичева- префесор.
Борбата за рушење на предрасудите е голема, вели Анче Туфекчиева, мајка на дете со Даунов синдром. Таа неколку години го координира Здружението за помош и поддршка на овие лица кое функционира во Струмица.
- Овие деца не се ниту заразни, ниту можат нешто штетно да направат за општеството. Сите можеме да ги инклузираме, да бидат прифатени. Значи да се социјализираат зошто овие лица доколку се образуваат, еден ден може да бидат самостојни, да се работат, да бидат среќни сами од себе, вели Анче Туфекчиева- претседател на Здружението „Вера“, Струмица.
Пред лицата со Даунов синдром има уште предизвици. Туфекчиева вели дека ниту едно училиште. Ниту градинка се подготвени да работат со овие деца. Освен кај институциите, треба да се промени и односто на родителите, сметаат од Здружението. Дауновиот синдром не е болест. Тоа е генетско пореметување со промени на психичкиот и физичкиот развој. Во Струмица, има околу 30 лица со Даунов синдром.
Катерина Давчева
