Промоција на јазикот и писмото преку национален домеин .мкд
Нов простор за промоција на Македонија ќе бидат веб страниците на кирилично писмо регистрирани со националниот домеин .мкд

Уште еден чекор во зацврстување на нашиот јазик, по долги лобирања - постигната уште една правна битка на меѓународен план – вели министерот Ивановски.
Со воспоставувањето на националниот кириличен домен во интренет просторот направивме чекор во зацврстување на нашиот јазик и писмо – продолжување на големите дела на Македонците низ минатото – вели Министерто Иво Ивановски
Македонскиот е петти по ред регистриран кириличен домеин во светот. Меѓународните надлежните институции наскоро ќе го внесат во системот. Од Институот кој го заштитува македонскиот јазик најавуваат ке бидат меѓу првите кои ќе го регистрираат .
Во рамките на јазичната политика и планирање многу често се земаат предвид пазарната вредност на јазикот и субјективната оценка , односно јазичните и културните придобивки од користењето на вакви домеини – вели Гоце Цветаноски од Институтот за македонски јазик
Меѓународниот интернет простор домеинот .мкд е избран од граѓаните преку интернет анкета што ја спроведе Македонската академска истражувачка мрежа. За него гласале 70 тина насто на интернет анкетата.
Сузана Фиданска- Стоевска
