Вредни артефакти пронајдени кај златарот приведен за кражбата во Музејот на Македонија

20.03.2014 15:07

Сефовите се пронајдени во охридски Лескоец, а во нив имало повеќе предмети, икона, боздоган, меч, секира, скриени брошеви, 49 монети со различна големина и други предмети...

Три сефа со вредни артефакти пронашла полицијата кај златарот кој беше дел од осомничените и приведен за кражбата во Музејот на Македонија. 
 
Сефовите се пронајдени во охридски Лескоец, а во нив имало повеќе предмети, икона, боздоган, меч, секира, скриени брошеви,  49 монети со различна големина и други предмети. 
 
Полицијата дополнително ќе утврдува преку вештачење дали пронајдените предмети во сефовите се дел од исчезнатите од Музејот на Македонија или пак евентуално потекнуваат од други кражби.