Рашковски поднесе оставка од функцијата во Владата

14.04.2021 09:24

„Вистината нека се провери преку институциите, нема затскривање позади функции“, порача Рашковски во писмото за оставката објавено на социјалните мрежи...

Поранешниот Генерален секретар и актуелен Секретар за мониторинг и поддршка на институциите во Владата, Драги Рашковски, поднесе оставка.

„Вистината нека се провери преку институциите, нема затскривање позади функции“, порача Рашковски во писмото за оставката објавено на социјалните мрежи.

Претходно Антикорупциската комисија отвори предмет за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот распишан од Рашковски, без знаење на МВР.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал минатиот месец отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот, а на 9-ти месецов беше извршен претрес во просториите на фирмата „Инвока груп“ од која е купен софтверот.