Петтиот пакет економски мерки пред членовите на собраниските комисии
14.04.2021 09:42
Закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет на коишто треба да поминат законските решенија на кои веќе два месеци чека стопанството и граѓаните.

Петтиот пакет економски мерки денеска конечно ќе се најде пред пратениците. Закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет на коишто треба да поминат законските решенија на кои веќе два месеци чека стопанството и граѓаните.
Приоритетни се законите со кои фирмите ќе ја добијат помошта за исплата на плати и придонеси, но се очекува пратениците да ги изгласаат и преостанатите мерки од пакетот на поддршка.
