Иран: Поради нападот во Натанз, ураниумот ќе се збогатува и до 60%

14.04.2021 10:29

Израелскиот премиер предупреди дека нема да му дозволи на Техеран да создаде нуклеарно оружје...

„Иран ќе произведува ураниум збогатен и до 60 отсто“, објави постојан претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија.

Одлуката следува по нападот во постројката во Натанз при што беа уништени модернизираните центрифуги кои беа активирани еден ден претходно.

За кибернетичкиот напад врз системот го обвинија Израел. Премиерот на еврејската држава Бенјамин Нетанјаху вети дека никогаш нема да му дозволи на Техеран да создаде нуклеарно оружје.