Политика

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и судска разврска за скандалот со Рашковски

14.04.2021 12:43

Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

„Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност.

Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат.

Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки.

Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски.

Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребна е одговорност и судска разврска“, соопштува опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.