Од бројките зависи дали ќе продолжат рестриктивните мерки
Продолжувањето на сегашните рестриктивните мерки по 20-ти април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот Филипче...

Продолжувањето на сегашните рестриктивните мерки по 20-ти април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот Филипче.
Ако има потреба мерките ќе ги продолжиме. Веројатно ќе разговараме викендов и на почетокот на идната недела и ќе ги следиме бројките и менаџирањето со болниците. Тоа беа критериумите врз кои одлучувавме и анлизиравме досега, а така ќе биде и во текот на следната недела, додаде Филипче.
Рестриктивните мерки кои сега се во сила опфаќаат забрана за движење во периодот од 20 до 5 часот изутрина, а затворени се и сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување.
