Политика

Мицкоски: Оставка треба да поднесе целата Влада

14.04.2021 15:22

Милионски скандали не се покриваат со оставка, потребна е одговорност и судска разврска, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Оставка треба да поднесе цела Влада- вели лидерот на партијата Мицкоски...

Покрај секретарот во владата, Драги Рашковски, кој оддамна требаше да е во затвор, оставка треба да поднесе целата влада, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вели дека се срами од својот колега, професорот Рашковски. Не може, вели Мицкоски, секретар или професор да гради огромни хациенди и да вози скапи џипови.

И додека власта смета дека акцијата „Двојник“ е саботирана од Мицкоски, иако има уапсени, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ вели- никој не верува дека службениците во МВР се знаеле со криминалците на кои им се дадени македонски пасоши. Прашува дали пасошите се поништени.

Заканите по живот упатени кон него, Мицкоски вели не ги пријавил во МВР, бидејќи и онака нивната проценка од порано била дека животот не му е во опасност со што му го повлекле обезбедувањето.

 

Миле Ристески