Македонија

Кривични пријави за насилство врз дете во Кочани

14.04.2021 16:02

Девет кривични пријави за насилство врз дете, приведени се тројца и сослушани дваесетмина учесници во настаните во населбата „Трајаново трло“ во Кочани. Полицијата трага по таткото на малолетникот кој објави видео со закани по животот на сторителите. Заради превенција од нови насилства, деновиве е зголемено полициското присуство во оваа населба...

Кривични пријави за насилство врз дете добија деветмина кочанчани, кои пред три дена физички нападнаа малолетник, наводно заради намерата да изврши кражба. Детето е со повреди на телото, но е во добра здравствена состојба, а деновиве ќе има преглед од психолог, информира правниот застапник. Вратено е во згрижувачкото семејство во Скопје, каде претходно било сместено, но пред извесен период побегнало во Кочани, кај биолошкото семејство.

Во меѓувреме, таткото на социјалните мрежи објави видео каде со пиштол и нож упатува закани по животот на учесниците во тепачката. СВР Штип работи на негово лоцирање и санкционирање.

Насилството врз малолетникот е последно во низата тензични инциденти во населбата „Трајаново трло“ во Кочани, каде жителите протестираат заради константната несигурност за себе и своите имоти и бараат помош од институциите и зајакната полициска контрола.

Славица Величковска