Ќе се дигитализираат услугите во образованието
Од мај годинава, уписите на првачиња онлајн. Електронски ќе се аплицира и за ученички и студентски стипендии. Целите на дигитализацијата во образованието се услугите да станат подостапни, да се избегнат метежи по шалтерите, а документи да се добијат во покуси рокови...

Наместо да носат документи во уличиштата, родителите своите првачиња ќе ги запишуваат онлајн, објави министерката Царовска. Се дигитализираат и услугите за нострификација на дипломи стекнати во странство, а преку Интернет ќе се аплицира и за студентски и ученички стипендии. На истиот принцип ќе може да се аплицира и за општински проекти, како на пример – реновирање на училиште.
Идејата е да се дигитализираат и другите министерства. Онлајн ќе се аплицира и за издавање пасоши, државјанства и други лични документи.
Треба да се работи на кревање на свеста кај граѓаните за користење на дигиталните услуги.
Како идни проекти се планира и дигитален упис во средните училишта, апликација за родителите со податоци од училишниот е-дневник на нивните деца, како и целосна дигитализација на конкурсите во науката.
Анита Димитријевска Велковска
