Ковид-19

Наредните денови ќе се одлучува дали ќе продолжат рестриктивните мерки

15.04.2021 14:22

По мини- пикот од третиот бран, се намалува бројот на новозаразени, вели министерот за здравство. Во арената „Борис Трајковски“ имунизација за лица на 73 и 74-годишна возраст. Според Филипче, засега не ни требаат нарачки, ниту дополнителни вакцини. Досега имаме нарачано 2,6 милиони дози. Кон крајот на месецов се очеуваат 200 илјади дози од кинеската „Синофарм“...

По мини-пикот од третиот бран, бројот на хоспитализирани се намалува, вели министерот за здравство. Филипче уверува дека се следат состојбите и во болниците и наредните денови ќе се одлучува дали ќе останат или ќе има олабавување на рестриктивните мерки.

На 28-ми април ќе пристигнат 200 илјади вакцини од кинески „Синофарм“. Следната недела се очекуваат и Фајзеровите вакцини, 10 илјади на 19-ти април, а една недела подоцна уште 10 илјади. Според Филипче засега нема потреба од нови нарачки.

Министерот уверува дека добро се одвива процесот на вакцинација во сите пунктови. Имунизацијата е со вакцините кои се на располагање.

Граѓаните што се вакцинираа, велат дека не се плашат од нус појави. Оптимисти се дека со имунизацијата ќе се стави крај на пандемијата. 

Се подготвува и вакцинација во Куманово, Кавадарци, Штип, Тетово, Охрид и во Битола. Се договараат местата каде ќе се спроведува имунизацијата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска