Ковид-19

Тетово: Расте бројот на хоспитализирани и смртни случаи од Ковид-19

15.04.2021 14:44

Расте бројот на смртни случаи и хоспитализирани со Ковид- 19. Проблематично е што кај голем дел од пациентите симптомите и крвната слика драстично им се влошува за неколку дена по добиениот позитивен резултат, за на крај да завршат на болничко лекување...

За само две недели од тетовското подрачје од Ковид- 19 починаа 26 пациенти, бројка која ги надмина смртните случаи од минатиот месец кога во текот на цел март имаше 21 починато лице. Најсимптоматично за овој месец е брзото влошување на клиничката слика на пациентите.

Во третиот бран на Ковид-19 страдаат и млади лица, претежно со коморбидитети, но има и случаи на здрави пациенти кои развиваат тешка клиничка слика, а некои завршуваа фатално.

Моментално во Ковид центарот и инфективното оделение е хоспитализиран 41 пациент. Во модулраната болница сѐ уште не се лечат ковид пациенти, иако според најавите требаше да биде пуштена во употреба пред неколку месеци.

И денеска повторно со ветување дека наскоро ќе се стави во функција, откако фирмата која ја поставувала ќе интервенира на неколку инфраструктурни пропусти, кои биле утврдени од соодветни институции.

Зоран Димовски