Штипската болница троши над еден тон кислород дневно
Клиничката болница во Штип распишува тендер за набавка на 120 тони течен кислород, со што ќе се реши снабдувањето на подолг период. Во Модуларната болница и на Инфективното одделение во моментот се лекуваат 91 пациент, повеќе од половината се на кислородна поддршка. Штипската болница ги реализира планираните набавки на нови апарати предвидени за оваа година...

Кислородната поддршка на пациентите во Модуларната болница во Штип ќе се обезбедува со течен кислород, за што е инсталиран резервоар со капацитет за 20 тони. Енормната побарувачка на кислород ја наметна потребата за вакво решение, вели директорот Ален Георгијев.
И покрај фокусираноста на ковид-пациентите, Штипската болница ги реализира набавките на нови апарати предвидени за оваа година. Од денес со нов апарат се одделенијата за хирургија и урологија.
Наскоро два нови апарати се очекуваат на одделот за патологија, нов ехо апарат за земање биопсија ќе добие одделот за дијагностика, наредниот месец се очекува и апарат за компјутерска томографија, а во тек е набавка и на машини за перење и сушење. Болничкиот буџет за овие набавки е околу сто илјади евра.
Славица Величковска
