Тиркиз-кристал што го подобрува здравјето и привлекува богатство

15.04.2021 19:39

Заради својата убавина тиркизот со векови бил ценет во многу култури. Бил симбол на моќ и богатство. Денес се смета за симбол на мирот и на среќата, затоа што поттикнува на радост и среќа, охрабрува, помага при донесување одлуки и придонесува за општиот мир и благосостојба на личноста што го носи.

Кристалите од дамнина се познати по природната убавина, но  и по моќното  делување на човечкото здравје. Во времето кога не постоела денешната форма на медицина, кристалите имале голема исцелителна улога.

Уште во древната египетска и елинска цивилизација, ги препознавале нивните благотворни ефекти на здравјето и затоа ги користеле за лекување и ублажување на разни здравствени тегоби. И денес може да се корисат нивните моќи наместо фармацевтските лекови, затоа што немаат штетни последици.

Еден од најстарите познати кристали е тиркизот. Тој е прекрасен камен со живописна сино зелена  боја и силно благотворно дејство на умот и на телото.

Името му е од францускиот збор „pierre turquoise“, што значи турски камен. Познат е и како ѕвезден камен, зелен камен и среќен камен.

Заради својата убавина тиркизот со векови бил ценет во многу култури. Бил симбол на моќ и богатство, а според количеството што некој го поседувал, се мерела неговата општествена положба. Се сметало дека тој што носи тиркиз не може да биде сиромашен.

Египќаните го сметале за свет камен и го користеле за изработка на накит, за украсување на мебелот, и разни декоративни предмети.

Персијците сметале дека носи среќа и штити од болести, затоа задолжително носеле амајлии со тиркиз.

Атстеките верувале дека тиркизот е спој од небесен и земски оган. Во комбинација со други материјали го користеле за изработка на штитови, маски и ножеви.

Римјаните и Индијците со разни додатоци правеле лековити супстанци за разни болести.

Арапите со тиркизот ги украсувале и коњите за заштита и на животното и на јавачот.

И денес тиркизот се смета за симбол на мирот и на среќата, затоа што поттикнува на радост, охрабрува, помага при донесување одлуки и придонесува за општиот мир и благосостојба на личноста што го носи. Ја намалува тагата и депресијата, го подобрува сонот и помага во разни конфликтни ситуации.

Позитивно делува за искрено пријателство и придонесува за складни семејни односи.

Луѓето го носат тиркизниот камен при склучување важни бизнис договори затоа што ја јакне интуицијата, способноста за проценка и привлекува пари. Тиркизот, според Фенг Шуи принципите  се користи за подобрување на здравјето, за благосостојба и за привлекување богатство.

Извонреден е за „лекување“ на просторот и за постигнување позитивна енергија. Непогрешив е како избор за дневна и работна соба, затоа што го крева нивото на добра енергија наовие простории. Во спалната соба пак носи добар сон и спречува кавги меѓу сопружниците.

Според традиционалното верување тиркизот има поголема сила ако е подарен, а не купен. Затоа многу често се подарува на младоженци, за да им донесе мирен заеднички живот.

Кристалотерапевтите сметаа дека тиркизот ги има следниве лековити својства;

Го јакне имунитетот, ја елиминира киселоста на организмот, ја подобрува циркулацијата и го регулира крвниот притисок. помага при реума и гихт, желудечни тегоби, против вирусни инфекции, намалува воспаленија и болки, ги сузбива болестите на грлото и дишните патишта, смирува грчеви, ги јакне менталните способности за одлучување, за анализа, Ја намалува тагата и депресијата, го подобрува сонот и помага во разни конфликтни ситуации. Дури се смета дека влијае позитивно против пелтечење, забоболки и парадентоза.

Најстарите  наоѓалишта се во стара Персија-планината Алимерсај и Синајскиот полуостров во Египет. Заради големата побарувачка се правеле, а и денес се прават разни имитации на тиркизот, со стакло, емајл, керамика, порцелан и пластика.

Тиркизот ја менува бојата под влијание на енергија, температура, светлина, пот, и разни козметички средства, парфеми.

Тој е чувствителен на долготрајна сончева светлина и на механичко оштетување. Кога ќе ја смени бојата треба веднаш да се исчисти и наполни. Се празни еднаш месечно во сад со каменчиња од хематит, а се полни покрај горски кристал и бакар.

Соња Стојановска