Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор
Полицијата го приведе екс- секретарот во владата, Драги Рашковски. Обвинителството за организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниту една институција, а е оштетен државниот буџет...

Полицијата го приведе екс- секретарот во владата, Драги Рашковски. Обвинителството за организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниту една институција, а е оштетен државниот буџет.
Ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци, за двајцата првоосомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд- Скопје достави предлог за определување на мерка притвор.
„Со дејствијата што ги извршил, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства“- велат од Обвинителството.
Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот, Обвинителството на 18-ти март годинава отвори предистражна постапка. Беа издадени повеќе наредби за прибирање на потребната документација по кои постапува истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
