Неизвесно донесувањето на Петтиот пакет економски мерки
Неизвесно продолжувањето на работата на Собранието по 36-та седница на која треба да се донесе петтиот пакет мерки за поддршка на економијата. Опозицијата не прифаќа да обезбеди кворум за гласање на точките од незавршената 32-ра сесија...

Неизвесно е продолжувањето на работата на Собранието по 36-та седница на која треба да се донесе Петтиот пакет мерки за поддршка на економијата. Опозицијата не прифаќа да обезбеди кворум за гласање на точките од сѐ уште незавршената 32-ра седница.
Претпладнево на иницијатива на спикерот Талат Џафери заседаваше парламентарното претседателство при што било разговарано за тоа како да продолжи со работа законодавниот дом по прекинот на синоќешната 32-ра седница.
Опозициската ВМРО- ДПМНЕ понуди неколку термини на собранискиот спикер за да ја закаже седницата за гласање на петтиот пакет мерки економска помош за граѓаните. Посочија дека без проблем ќе ги изгласаат овие мерки и предложија воедно да биде изгласана мерка за помош и за следните два месеци.
