Ковид-19
Околу 27 милиони луѓе во ЕУ примиле две дози од вакцината против Ковид-19
21.04.2021 15:21
Британскиот премиер Џонсон пак, најави формирање работна група за идентификување на најефикасните антивирусни лекови што можат да се земаат од дома.

Продолжува имунизацијата против Ковид-19 во светот. Околу 27 милиони луѓе во ЕУ примиле две дози. Од Европската комисија велат дека целта е да бидат вакцинирани 70 проценти од населението до крајот на летото.
Британскиот премиер Џонсон пак, најави формирање работна група за идентификување на најефикасните антивирусни лекови што можат да се земаат од дома.
Израел планира во следните шест месеци да почне нова рунда вакцинации против коронавирус, во која овој пат ќе бидат вклучени и децата.
