САД

Бајден: Остварена е целта од 200 милиони дози вакцини за 100 дена

22.04.2021 10:14

Бајден вчера најави нови даночни олеснувања за малите фирми што на работниците им даваат слободни денови за вакцинација против Ковид-19, изразувајќи задоволство што граѓаните во земјата примиле 200 милиони дози на вакцината во првите 100 дена од неговиот мандат.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД  влегуваат во нова фаза од процесот на вакцинирање и дека сега вниманието се префрла од набавката на вакцини за најранливите кон општата популација.

Бајден вчера најави нови даночни олеснувања за малите фирми што на работниците им даваат слободни денови за вакцинација против Ковид-19, изразувајќи задоволство што граѓаните во земјата примиле 200 милиони дози на вакцината во првите 100 дена од неговиот мандат.
 
Даночните олеснувања се дадени според законот усвоен минатиот месец и ќе можат да ги користат компаниите со помалку од 500 вработени.
 
Бајден ќе ги повика сите компании да понудат слободни денови, како и други стимулации, како што се картички за подароци или бонуси, со цел да ги охрабри вработените да се вакцинираат, пренесе Ен-Би-Си Њуз.
 
Ниту еден Американец кој работи не треба да изгуби ниту еден долар од платата затоа што избра да ја исполни својата патриотска должност да се вакцинира, кажа Бајден.
 
Тој додаде дека земјата влегува во нова фаза од процесот на вакцинирање и дека сега вниманието се префрла од набавката на вакцини за ранливите категории кон општата популација.