Претставен „Проект Морфеус“ на Сони
21.03.2014 11:08
Јапонската компанија „Сони“ на годишната конференција „Гејм Девелоперс“ во Сан Франциско претстави прототип очила наменети за гејминг во виртуелна реалност, под името „Проект Морфеус“.
Очилата се наменети за новата ПлејСтејшн 4 конзола, а содржат екран со резолуција од 1080 пиксели со видно поле од 90 степени и слушалки.
Во нив се вградени акцелерометар и жироскоп за подобро позиционирање.

Функцијата на овие сензори е прецизно ориентирање на главата и движењето што озовможува и виртуелниот свет да се движи истовремено.
Проект Морфеус содржи и нова 3Д аудио технологија што создава стереоскопски звуци во сите насоки и ги менува во зависност од ориентацијата на главата.
Уредот е компактибилен со ПС камера и со безжичен ДуалШок 4 гејмпад и ПлејСтејшн Мув контролор.