Заборавената медицина на американските Индијанци

23.04.2021 11:30

Темелите на индијанската филозофија се почитувањето и разбирањето. Нивната традиционална медицина се заснова на философијата дека не ја лечат болеста туку човекот. Индијанците сметале дека за здравјето е битна рамнотежата на духот и телото, во склад со природата, дури и дека болеста напаѓа неурамнотежени личности кои имат негативни мисли и практикуваат нездрав начин на живот.

Постои една шаманска изрека која вели: „Болеста го напушта домаќинот, кога веќе не може да го препознае“.

Индијанските племиња во Америка отсекогаш живееле во склад со природата. Сите тегоби ги лекувале со билките во околината. Природата ги лекувала, а за возврат тие длабоко ја почитувале. Денешните истражувања ја потврдиле лековитоста на билките кои Индијанците ги користеле илјадници години.

Животна философија на Индијанците

Американските Индијанци имале принципи и начела на кои се придржувале:

Духот и телото треба да бидат во хармонија

Животот во заедницата мора да биде складен

Грижа за природата и за децата

Познавање лековитите билки

Темелите на индијанската филозофија се почитувањето и разбирањето. Нивната традиционална медицина се заснова на философијата дека не ја лечат болеста туку човекот. Имале голема почит кон растенијата, животните и за земјата. Ги следеле промените во природата, го набљудувале однесувањето на животните, а стекнатото знаење им го пренесувале на децата. Индијанците верувале дека се на земјата има душа-луѓето, животните, билките, планините, реките, земјата... На тоа се темели и односот кон се што ги опкружува. Ја ценеле Мајката природа, а таа им возвраќала дарувајќи ги со природни богатства.

Индијанците сметале дека за здравјето е битна рамнотежата на духот и телото, дури и дека болеста напаѓа неурамнотежени личности кои мислат негативно и практикуваат нездрав начин на живот. Тие подеднакво го почитувале и надворешниот и внатрешниот свет, така што верувале дека духовноста е предуслов за доброто здравје.

Сметале дека болеста може да биде предизвикана од физичка, но и емоционална и духовна траума која предизвикува разни пореметувања и губење на духовната сила. За причина за болест ги сметале чувствата на срам, вина, ниско самопочитување, лакомост и алчност, очај, загриженост, депресија, лутина, љубомора, завист и себичност. За надворешни причини за болести ги сметале еколошките отрови-нечист воздух, вода и храна. придавале голема важност на наследните фактори, верувале дека лоши енергии се пренесуваат од генерација на генерација, со што личноста поприма одредени склоности кои може да ги развие во текот на животот, ако не се реши да ги исчисти.

Концепт на чистење во индијанската традиционална медицина

Древната индијанска медицина има неколку различни техники на дијагностицирање кои вклучуваат разговор, симптоми, емотивни блокади и набљудување на невербалното комуницирање како што е положбата на телото, тонот на гласот, интуицијата, чувствителната и духовната сила. Требаало да се излечи духот за да се спаси телото. Сметале дека оддалечувањето од природата е причина за губење на виталната енергија, ведрината, радоста кои се клучни за здравјето. Самиот процес на излекување значел голем благослов и носел нов почеток во животот.

Клучот на успехот лежел во разбирањето- за да знае човекот каде треба да тргне, мора да знае каде е сега. Со самото превземање на одговорноста и искреност кон себе, се сметало дека лекувањето е започнато. При чистење на телото и духот се користеле музика, одредени ритуали, палење суви билки, чаеви, масажи, глина, потење, пост, советување, терапија со цртање и изработка на предмети, ускладување со природата, развивање на внатрешната тишина и уште многу други методи на старите шамани кои останале тајна. Чадот завземал посебно место во индијанската култура, Со чадот од запалена жалфија или кедар го прочистувале просторот и ја отворале свеста како подготовка за оздравување. Чадот симболизира канал кој ја поврзува личноста со вишите светови. Тоа бил моќен ритуал за собирање на негативната енергија во чадот, кој ја носел во височините до нејзиното исчезнување.

Се претпоставува дека лековитите билки ги откривале со помош на животните, набљудувајќи ги што јадат кога се ранети и болни, верувајќи дека тие билки може да им помогнат и на луѓето.

Од билките најмногу корисетеле алое, камилица, капинки, малинки, корен од ѓумбир, гинсенг, рузамрин, жалфија, нане, шипинки, еукалиптус, ехинацеа, коморач, валеријана, црвена детелина и други билки. кои ги користеле против воспаленија, болки и тегоби во мускулите, желудникот, грлото, за смирување, за подобрување на имунитетот, за кашлици, трески, инфекции, против депресија, убоди од инсекти и рани и разни други состојби. ...

Шаманските исцелители освен билките, водата ја сметале за најефикасно средство за лекување. Кога се користи на специфичен начин,водата станува природен лек и информатичко средство за поврзување со други светови. Се верувало дека ако се подобри квалитетот и количеството на воздух кој го вдишуваме, со изобилство од сонце и други природни сили, со исфрлување на отровите, тогаш максимално му се помага на телото да го врати нормалниот проток на жива енергија.Така се изоструваат осетите, појасно се мисли, телото се подмладува и настапува внатрешна и надворешна чистота.

Принципот на рамнотежа на човекот меѓу духот, телото и природата и денес се смета за темел на здравјето.

Соња Стојановска