Трет оглас за распределба на становите во Струмица
Ќе успее ли министерството за транспорт по трет распишан оглас да ги подели социјалните станови во Струмица …

Конечно се распиша огласот за распределбата на 37-те социјални станови во Струмица, а апликантите по трет пат се изложени на трошоци за реобновата на документите потребни за аплицирање. Ова е трет оглас за распределба на становите, досега истите беа поништувани оти оние кои поднеле документи не ги исполнувале условите или интересот бил сведен на минимум.
Министерството за транспорт и врски, огласот го објави на својата веб страна, а оние кои немаат достап до интернет чекаат од информација од јавните гласила. Овој пат само шест категории на граѓани имаат право да аплицираат за социјален стан, а истите ќе се распределуваат во транспарентна постапка согласно методологијата за бодирање на кандидати за добивање социјален стан под закуп децидни се од ресорното министерство.
Документацијата се поднесува во меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица, каде ќе се обезбеди помош за лицата кои не се во можност сами да ги комплетираат документите. Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови.
Право на апликација овој пат имаат само, деца без родители или родителска грижа, лица над 18 години кои до својата полнолетност биле згрижени во институција или други облици на згрижување на дева без родители, корисници на право на минимална помош, лица погодени од елементарна непогода без разлика на правниот статус на нивните постојани живеалишта или лица со попреченост и семејства на лица со попреченост, лица припадници на ромската заедница социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.
Стојне Митева
