Куманово

Товарен воз се излизга, нема повредени

28.04.2021 13:33

Поради несреќата железничкиот сообраќај ќе биде во прекин...

Нешто по 9 часот утринава се случила железничка несреќа во кумановско Романовце.

Неколку вагони од товарен воз кој сообраќал на релација железничка станица Трубарево кон Куманово и превезувал камен за потребите на Јавното претпријатие за Железничка инфраструктура, се излизгал од шините.

Повредени лица нема, а е причинета материјална штета. Поради несреќата железничкиот сообраќај ќе биде во прекин.

Возот се излизгал во близина на неколку куќи во Романовце. Жителите раскажуваат дека слушнале силен удар.

 

Елена Георгиевска