Луголов раствор- јодот како универзален природен лек

28.04.2021 17:35

Луголовиот раствор претставува природен надомест на јод во организмот. Ако го нема доволно во нашиот организам последиците се намалена когнитивна функција на мозокот, заостанување во растот и проблеми со метаболизмот. Јодот е есенцијален микроелемент во секој орган и ткиво во човечкиот организам...

Соочени сме со многу болести, а меѓу многубројните причини е и недостаток на есенцијални материи, без кои не можеме нормално да функционираме и да бидеме здрави. Меѓу тие материи е и јодот,  чиј недостаток може да предизвика големи потешкотии.

Пред многу години јодот се користел за лекување на многу болести, но со растотот на фармацевтската индустрија и со појавата на скапи лекови, ефтината и делотворна терапија со јод-луголов раствор остана заборавена.Можноста за лекување со јод не смее да се занемари, бидејќи можеби токму јодот е она што недостасува во организмот. 

Луголов раствор е мешавина од јод и калиев јодит кој е во улога на посредник за растворање на јодот, бидејќи не се раствара во вода. Името го добил по францускиот лекар Лугол кој го осмислил во 1829 година. На почетокот се користел за лекување гихт, но подоцна откриле дека е корисен и за многу други тегоби.

Луголовиот раствор претставува природен надомест на јод во организмот. Ако го нема доволно во нашиот организам последиците се намалена когнитивна функција на мозокот, заостанување во растот и проблеми со метаболизмот. Јодот е есенцијален микроелемент во секој орган и ткиво во човечкиот организам.

Препорачаната дневна доза за нормална функција е 13 мг (тоа се 2 капки луголов раствор во млака вода, сок, јаболков оцет или млеко).

Јодот е неопходен за здравјето на простатата, на дојките, јајниците, а особено на штитната жлезда. Според мислење на некои лекари една капка дневно од луголовиот раствор, ја елиминира првата фаза за развој на рак, бидејќи ги убива абнормалните клетки. Јодот исто така е одличен антисептик кој ги уништува вирусите и бактериите, а при тоа тие не стануваат отпорни на него како на пример антибиотиците. Луголовиот раствор е ефикасен дури и за лекување на мононуклеоза.

Во периодот на чернобилската катастрофа, луголовиот раствор се користел за дезинфекција на водата и за блокирање на радиоактивниот јод. Го употребувале и за превенција за заболување на штитната жлездакако додаток во исхраната и како антисептичко и дезинфекциско средство. Еве кои се симптомите за намалено количество јод во организмот:

Доведува до намалување на одбрамбената моќ на организмот, а тоа е прв предуслов за болест, грчеви во мускулите, студени раце и нозе, депресивно однесување, сува кожа, кршливи нокти, чувство на студ, сува коса, опаѓање на косата, зарипнатост, нередовен циклус, забавено чукање на срцето, тешкотии при голтањето, летаргија, болки во грлото, висок холестерол, слабо памтење, склоност кон гоење, отоци, мијалгија, затвор...

Јодот ја подобрува работата на мозокот, го јакне имунитетот, штити од срцеви заболувања, природен антибиотик, делува против паразити, за дезинфекција на отворени рани, ја урамнотежува работата на хормоните, ја намалува појавата на цисти.

Постојат многу научни докази дека помага при лекување карцином. Истражувачот на здравствената корист од јодот и ендокринолог доктор Геј Абрахам рекол дека суплементацијата со овој ефтин раствор е најделотворен начин за решавање на многу здравствени проблеми.

Доктор Дејвид Дери успешен еднокринолог во САД за јодот изјавил дека е најдобар антибиотик, антивирусно и антисептично средство на сите времиња.

Јодот е важен и за тимусот, панкреасот и за церебралната спинална течност.

Недостатокот на јод во текот на бременоста може да предизвика ментална ретардација на плодот. Јапонците, кои  спаѓаат меѓу најинтелигентните луѓе на светот и имаат најмала стапка на канцер во просек конзумираат по 13 мг јод на ден. Јодот има ефекисност при мијалгии, паркинсонова и алцхајмерова болест. Се смета и за многу ефикасен против сите инфекции на мочниот меур. Многу истражувања потврдиле дека недостатокот на јод предизвикува хиперактивност. Јодот го има многу малку во храната, затоа го примаме единствено преку јодираната сол. Луголовиот раствор, по сите научно докажани факти за корисноста може да најде примена во нашиот живот, доколку се утврди дека имаме недостаток на овој важен елемент.

Соња Стојановска