Заев апелира за претстојните празници да се почитуваат мерките

29.04.2021 13:47

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Заев кажа дека за празниците ќе биде во Струмица, во кругот на семејството, а по повод 1-ви мај, како што информира, е учесник во организација на крводарителска акција, заедно со Трансфузиологија Струмица.

Премиерот Заев денеска апелираше до граѓаните за претстојните празници да се почитуваат мерките. „Претстојните празници да бидат со прв приоритет на почитување на мерките. Да држиме дистанца, да бидеме на отворено, да избегнуваме затворени простори и групирање“, апелираше премиерот. Истото тој го очекува и од верските лидери, од поглаварите на МПЦ, на Исламска верска заедница, но и од другите поглавари на помалите верски заедници, да апелираат и да учествуваат во организацијата, како и што било зборувано на состаноците, за да можеме да ги празнуваме празниците, но и да го заштитиме здравјето и животот свој и на сите околу нас.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Заев кажа дека за празниците ќе биде во Струмица, во кругот на семејството, а по повод 1-ви мај, како што информира, е учесник во организација на крводарителска акција, заедно со Трансфузиологија Струмица.

Нагласи дека бројките поврзани со Ковид-19 паѓаат и оцени дека мерките навремено донесени почетокот на април дадоа резултат.