Регионалниот пункт во Штип подготвен за масовна имунизација
Финишираат подготовките за старт на масовна имунизација во Штип, каде од наредната недела со вакцини на „Синофарм“ ќе се имунизираат жителите од источниот и дел од југоисточниот регион. Имунизацијата ќе се врши во 22 кабини во две смени, секој работен ден во Спортската сала „Јордан Мијалков“, каде денес имаше симулација на процесот...

Сѐ е подготвено за старт на имунизацијата во регионалниот пункт во Штип. Се чекаат само уште вакцините. 14 медицински сестри од Здравствениот дом и 22 од Клиничката болница ги минаа обуките, а доколку има потреба ќе се вклучи медицински персонал од поширокиот регион
Клиничка болница- Штип партиципира со медицински персонал и материјално опслужување.
Масовната имунизација ќе ја помогнат и студенти по медицина од Универзитетот „Гоце Делчев“ и волонтери на Црвениот крст.
Славица Величковска
