Армијата зајакната со нови 55 подофицери
Се зајакнува составот на армиските сили. Промовирани нови 55 подофицери, втора група од вкупно 120 за годинава. „Одговорноста која ја носите е голема, сметам дека по успешно завршената обука ќе одговорите на предизвикот“, рече министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Им порача, секој ден да работите за помодерна и поуспешна Армија...
„Си ветивме, братски рамо до рамо, дека сите 55- мина ќе ја завршиме обуката. Научивме да бидеме колектив кој изгради соживот“, рече прворангираниот подофицер, водник Бојан Јанковски. Новите подофицери подготвени за должностите и обврските.
Оваа година во тешки услови на епидемија, на кризни состојби успеавме да ја завршиме оваа цел која што стоела како проблем 11 години- вели министерката за одбрана Шекеринска. На 55-темина нови подофоцери, им порача секој ден да работат за помодерна и поуспешна НАТО Армија.
По повеќе од една декада, зајакнат составот на армиските сили со вкупно 120 подофицери. Обуката ја реализираа во две групи.
Наташа Гркова- Петрушевска
