Вакцини
200.000 вакцини „Синофарм“ утре ќе пристигнат во Поликлиниката Јане Сандански
29.04.2021 17:28
На настанот присутни ќе бидат министерот за здравство д-р. Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја н.е. Џанг Ѕуо...

200.000 вакцини „Синофарм“ купени во директните преговори со производителот, ќе пристигнат утре во 05:00 часот во Поликлиниката Јане Сандански, информираа од Министерството за здравство.
По повод пристигнувањето на вакцините присутни ќе бидат министерот за здравство д-р. Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја н.е. Џанг Ѕуо.
По настанот министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина ќе дадат изјави за медиумите.
