Политика

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски гостин во Дневникот на МРТ

29.04.2021 17:46

Локалните избори се наесен. До мерењето на силите има многу политички предизвици. Опозицијата води битка во парламентот, најави битка и од улица. Дали целта ѝ е да издејствува парламентарни избори заедно со локалните? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во Дневник 1 на МРТ…

Состојбата во Парламентот е лоша поради насилното однесување на владејачкото мнозинство, но и она што се случувуваше за време на интерпелацијата на Спасовски, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во Дневникот  на МРТ. И се забрани практично на опозицијата да зборува, појасни Мицкоски.

Додаде дека со случката околу интерпелацијата на Спасовски, спикерот на Парламентот не ја бараше суштината, туку се бараше марк форма што тоа никогаш досега не било така.

„Секоја акција има и соодветна реакција спротивно насочена со ист интензитет. Така ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се однесува доколку не дојде до корегирање на однесувањето на владејачкото мнозинство кое што е во Парламентот“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека владејачкото мнозинство дури го загрози и здравјето на другите пратеници и вработени во Парламентот со носење на нивни пратеници кои што беа позитивни на Ковид-19.

„Спикерот треба да биде човекот кој што е одговорен за хармонија во Парламентот, а не за деструкција“, нагласи Мицкоски.

Целото интервју може да го погледнете на следниот ЛИНК.