Безбедност на храна

АХВ со засилени контроли пред Велигден

30.04.2021 10:29

Инспекторите на Агенцијата за храна и втеринарство, со засилена контрола на маркетите, специјализираните продавници за јајца, месарници и зелените пазари. Во предвелигденските денови ќе се проверува безбедноста на храната и заштитата на потрошувачите од измами. Досега не се утрвдени недоследности...

Во пресрет на Велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  спроведуваат засилени контроли во производството и трговијата.

Се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Контролите се спроведуваат во маркетите, специјализираните продавници за јајца, месарниците и зелените пазари.

Во досега извршените контроли не се утврдени недоследности кај производителите, увозниците и трговците со јајца и бои за јајца, кај кои покрај усогласеноста со одредбите на Законот за безбедност на храна се контролираат и адитивите кои се употребуваат во производството. 

Агенцијата ги советува граѓаните да купуваат исклучиво од регистрирани производители и храна  која е соодветно означена, односно декларирана. Секоја недоследност, можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски или електронски на нејзината интернет страница.

 

Методија Трајков