Македонија

Пендаровски не планира да ги помилува осудените лица за упадот во Собранието

30.04.2021 10:57

Од кабинетот на претседателот појаснуваат дека претседателот сугерирал дека доколку некој поседува нoви докази кои што можат битно да влијаат врз исходот на постапката, потребно е да ги искористи законски гарантираните вонредни правни лекови, што потенцијално може да доведе до обновување на постапката...

Претседателот Стево Пендаровски не планира да даде помилување на осудените лица за настаните врзани со насилниот упад во Собранието на 27-ми април 2017-та година.

На прашањето на МИА, дали Пендаровски планира помилувања во врска со упадот во Собранието, од кабинетот појаснуваат дека претседателот сугерирал дека доколку некој поседува нoви докази кои што можат битно да влијаат врз исходот на постапката, потребно е да ги искористи законски гарантираните вонредни правни лекови, што потенцијално може да доведе до обновување на постапката.

Како легалист, председателот Пендаровски смета дека тоа е единствениот правен пат да се разрешат сомневањата каде што тие постојат, велат од Кабинетот на претседателот.