Од сите овие случувања и пандемијава треба да влечеме силни поуки вели Митрополитот Петар
Пандемијата е божја опомена на глобално ниво. Ни ги стави заштитните за да ни ги симне духовните маски вели Митрополитот Г. Петар...

Со пандемијава трпиме големи здравствени, економски и други штети но не помали се и оние на духовен план смета владиката Петар. Таа ги доодалечи луѓето едни од други наместо заедничката тага и радост веќе доминира затвореноста во самите себе и личниот интерес. Исчезна хуманоста. Веќе повеќе од една година немаме осветување на камен темелник на црква. Само со верба и посветеност кон Бога можеме да се вратиме кон општествените вредности вели Преспанско Пелагониски Митрополит Г. Петар. Со него разговараше нашиот битолски дописник Стевче Митевски.
Гледано од духовен аспект пандемијава е божја опомена за гревовите на глобално ниво но по се изгледа не одговараме соодветно вели Владиката Петар. Ги ставивме заштитните но ги симнавме духовните маски. Пандемијава ги доодалечи луѓето едни од други. Како одамна да беше времето кога имаше блискост помеѓу луѓето во љубовта, тагата и болката па и простувањето. Бледнее и чувството на хуманост кога е во прашање создавање на општествени добра. Наместо посветеност повеќе од една година бележиме затвореност на луѓето каде во преден план е задоволување само на личниот интерес вели преспанско-пелагониски Митрополит.
Одамна не се памети кога сме осветлувале камен темелник за нова црква. Вели неисполнета желба му е заочнатиот храм во 90-сетие „Сите Македонски Светители“ кој требаше да биде еден од најголемите на балканот. Гледа и лична одговорност во тоа што во тој период станал и администратор на австралиско новозеландската епархија. Но сепак во тамошните десетина нови цркви и други објекти вели наоѓа садисреакција.
Од пандемијава и сите овие случувања треба да влечеме силни поуки и покажеме силна љубов кон бога и да сфатиме дека како народ не можеме да живееме повлечени во своето его туку иднината е во заедницата вели Митрополитот Г. Петар.
Стевче Митревски
