Даниловски: Поголем број на вакцинирани лица би го спречило мутирањето на вирусот
Олабавените мерки не би требало да придонесат зголемување на бројот на новозаразени, но само доколку се придржуваме до пропишаните мерки за заштита, смета Даниловски...

До колективен имунитет од 75 проценти во земјава може да се стигне за 4 месеци, но не со сегашното темпо од по 2000 вакцинирани на ден, туку со многу поголема бројка. Епидемиологот Даниловски посочува дека тоа би го спречило мутирањето на вирусот и би ја стивнало епидемијата. Затоа е потребна брза имунизација на населението.
Властите ги олабавија мерките за заштита за време на претстојните верски празници. Тоа според нашиот соговорник не би требало да придонесе за зголемување на бројот на новозаразени, но само доколку се придржуваме до пропишаните мерки за заштита.
Ставот на повеќето експерти е добро да се постигне повисок процент до 80 па и 90 проценти на колективен имунитет за да не може вирусот да наоѓа нови домаќини и да се елиминираат шансите за ширење на заразата.
Фиљана Кока
